ВАДЕКС  Транспорт доо Скопје, Република
Македонија, е формирана во 2003 година и
нејзина основна дејност е копнен транспорт и
логистика, но исто така посредува  и при
поморски и авионски транспорт.

Компанијата е тесно специјализирана и
посветена за транспорт и логистика во
Скандинавските и во земјите на Северна
Европа.

Историја на компанијата

ВАДЕКС Транспорт ги превзема и ги
организира сите видови на транспортни и
логистички сценарија и решенија, со
квалитетно присуство на пазарите каде што
за тоа се бара голема одговорност.

Што е нашиот бизнис?

ВАДЕКС Транспорт има за главна цел
транспортот и логистиката, до било која
дестинација во Европа и пошироко, да ги
доведе на ниво на услуги кои што ќе се
етаблираат како препознатлив бренд во оваа
дејност.

Имплементирајќи  современи стратегиски и
организациски модели, ВАДЕКС Транспорт
се стреми кон креирање и екипирање
оптимална компаниска структура, која ќе биде
секогаш подготвена да одговори на
предизвиците на пазарот и на барањата на
клиентите.

Мисија & Визија