INTERNATIONAL DIESEL SERVICE е компанија која е целосно посветена да испорача најквалитетна услуга за снабдување со
гориво на компаниите кои што се занимаваат со меѓународен патен превоз.
Како една од водечките компании во Европа кои што се добавувачи на картички за гориво, освен конкурентните цени, IDS нуди
600 стратешки поставени локации низ сите поголеми патни правци во Европа. Разгранетата мрежа е составена од повеќе од
4.000 брендирани IDS бензиски пумпи и се протега низ следниве европски земји: Австрија, Данска, Германија, Ирска,
Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Украина, Белгија, Чешка Република, Франција, Велика Британија, Унгарија,
Италија, Литванија, Полска, Романија, Словенија и Шведска.
За подетален преглед на целокупната мрежа, по земји, со мапи и GPS координати, следете го линкот:
www.ids.q8.com/ournetwork/index.aspx

Дополнителна предност што ВАДЕКС Транспорт им ја нуди на своите соработници, доколку се корисници на IDS картичките за
гориво, е тоа што ја овозможуваме поволноста за отстранување на товарот на странскиот ДДВ направен преку IDS.
За да се квалификувате за оваа услуга, потребно е да подигнете (да наточите) минимално количество гориво кое е потребно
за избраната земја, а за возврат IDS и ВАДЕКС Транспорт ќе ве задолжат за сума која е потребна да се покријат
административните трошоци.
Со услугата NOVI на IDS за директен поврат на ДДВ заштедувате пари, го подобрувате вашиот готовински тек (cash flow), ја
подобрувате вашата ликвидност и, конечно, ја намалувате цената на услугата, со што ја зголемувата вашата конкурентност на
пазарот.
*Вредно е да напоменеме дека со аплицирањето и користењето на оваа услуга се обврзувате целокупниот поврат на ДДВ за
трошоци направени во земјите на ЕУ да го вршите преку ВАДЕКС Транспорт.

IDS картички за гориво и картички за патарини

Општи услови за издавање IDS дизел картички за гориво:

Потребна документација
• Допис / Изјава за просечни месечни побарувања гориво по возило (во литри
• Број на картички за гориво, во зависност за колку возила се аплицира (копија од сообраќајната дозвола од секое
возило)

Трошоци за издавање на катрички за гориво и начина на работа
• Апликацијата и издавањето на картичките за гориво изнесува 50,00 ЕУР по картичка (подготовка на документација и
манипулативно-административен трошок)
• Издавање на гаранција* во висина на месечните побарувања на гориво и / или ангажирање на возило во системот
што го сервисира ВАДЕКС Транспорт
*Гаранцијата се пресметува по методологијата - просечна предвидена месечна потрошувачка на гориво помножена со
коефициентот 0,95 / 1,00 ЕУР по литар.

Начин на плаќање:
• 15 денови од датумот на фактурата
• Фактурирањето се врши на секои 15 денови
INTERNATIONAL DIESEL SERVICE
www.ids.q8.com
BHI MOMSAGENTUR, DENMARK
www.bhi.dk
Провизијата што се наплаќа за користење на директниот поврат на ДДВ преку услугата NOVI на IDS, е следнава:
Цена
Методологија
Основа (литри)
0,0159 ЕУР
Помножено со
Количина на наточено гориво преку услугата NOVI
Наточени литри
Износ со ДДВ во ЕУР
Износ без ДДВ во ЕУР
Провизија во ЕУР
300 Х 0,0159
Заштеда во ЕУР
300
408,92
336,08
4,77
68,07
Пример за користење на услугата NOVI во Шведска:
...Назад кон услуги!